Драма во Хрватска: Уапсен поранешен фудбалер на Интер и Милан!

Хрватската полиција во координација со Управата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) утринава почнале голема антикорупциска акција, во која е уапсен и поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ, пренесува „Јутарњи лист“.

Според неофицијалните информации, покрај него е уапсена и поранешната раководителка на Одделението за туризам при Службата за имотно-правни работи на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ.

„Јутарњи лист“ пишува дека причината за апсењето на Шимиќ е тоа што поранешниот фудбалер преку Ливљаниќ незаконски добил потребни дозволи за изградба на туристички камп во Тисно.

Шимиќ остави длабока трага во хрватскиот фудбал, а во својата богата кариера настапуваше за Динамо Загреб, Интер, Милан и Монако.