„Овие Бразилци се феминизирани - вратете ни ги дилерите и е*ачите на транвестити!“

Поранешниот борец од Бразил во УФЦ серијата, Пауло Коста, предизвика голема бура во јавноста во оваа јужноамериканска држава, откако фудбалските репрезентативци кои настапуваат на Мундијалот во Катар ги нарече – феминизирани.

Тој ја спореди оваа, според него, „мека“ селекција со момците кои во 2002 година станаа светски прваци, а во која имало силни момци.

„Репрезентацијата на Бразил беше респектирана кога имаше дилери на дрога, кои правеа интересни забави и е*ач на транвестити како Роналд(о) во 2006 или 2002 година. Сега сите тие се феминизирани или се извинуваат дека се стрејт белци. Извинете, но тие не можат да го освојат Светското првенство. Вратете ги старите добри времиња“, напиша Коста.