Освоија титула по пола век, па ги честат навивачите – бесплатни тетоважи (ФОТО)

Атлетико Минеиро после 50 години стана првак на Бразил, на крилата на двете големи ѕвезди, екс-шпанскиот репрезентативец Диего Кошта, инаку Бразилец и екс-репрезентативецот на „кариоките“, Хулк.

Поради круната која во клубот заборавија како изгледа половина век за поддршката од навивачите, новиот бразилски шампион реши на необичен начин да им се оддолжи. Секој навивач доби бесплатна тетоважа, ако сака да ја направи.

А, поради фактот дека фудбалот во Бразил е религија, нема сомнение дека буквално секој ќе го истетовира пехарот, грбот и оваа за нив златна 2021 година, како вечно сеќавање на еден голем и историски успех на Атлетико Минеиро.

Редиците веќе се големи, а машко, женско сите застанаа во ред за тетоважа, дури и на дожд.