Новинарите го налутија Гвардиола: Зарем не бев доволно јасен?!
Гвардиола на прес-конференцијата не беше премногу расположен да зборува за плановите на неговиот тим во јануарскиот преоден рок.
„Не ме прашувајте затоа што нема да ви одговорам. Цел месец ќе ме испрашувате за фудбалерите со кои не поврзуваат, а јас за тоа нема да зборувам. Можете да инсистирате, меѓутоа нема ништо да се промени“, потенцираше Пеп.
И покрај ваквиот одговор Гвардиола на истата прес-конференција повторно доби прашање за Мармуш.
„Слушајте, зарем не бев доволно јасен? Ве молам! Веќе одговорив дека нема да зборувам на такви теми. Не сакам да се повторуам, меѓутоа нема да зборувам за тој дел, исто се случуваше и во минатото“, јасно порача шпанскиот стратег.