Ништо од романтично враќање во Арсенал, Чембрлејн најде нов клуб

Алекс Окслејд-Чембрлејн е без клуб од почетокот на оваа година, откако ја заврши соработката со Бешикташ, но по сè изгледа дека ја пронајде новата средина.

Поранешниот англиски репрезентативец е многу блиску до потпис со Селтик, а веќе се наоѓа во Глазгов, каде што треба да го официјализира договорот со славниот шкотски клуб.

Договорот ќе биде на шест месеци, со опција за дополнително продолжување.Окслејд-Чембрлејн ја започна кариерата во Саутемптон, потоа шест години настапуваше за Арсенал, уште шест за Ливерпул, а од 2023 година беше дел од Бешикташ.

Во изминатиот период тренираше со тимот на Артета, дури во медиумите се најавуваше и романитчно враќање во редовите на Арсенал, но тоа сепак не се случи.

За репрезентацијата на Англија во кариерата Чембрлејн собра вкупно 36 натпреври.