
Нико Вилијамс донел одлука: Кариерата ја продолжува во Премиер лигата?
Имено, Вилијамс иако имаше многу понуди изминатото лето на крајот се одлучи да не замине од Билбао, сепак ситуацијата може да се промени во летото кое следи.
Наводно, Микел Артета го контактирал Билбао уште оваа зима, но репрезентативецот на Шпанија сакал да ја заврши сезоната во клубот од Баскија.
Негова цел е да му помогне на Атлетик да дојде до место во Лигата на шампионите наредната сезона и финалето во Лига Европа кое се игра на нивниот „Сан Мамеш“.
Откупната клазула во неговиот договор е 58 милиони евра и Арсенал бил подготвен уште сега да ја активира поради проблемите со напаѓачката линија, меѓуота таков не бил планот на Вилијамс.