Невил жестоко удри по сите во Јунајтед: Срамота, истите работи се повторуваат!
Сезонава Манчестер јунајтед веќе испадна од Лига купот и ФА купот, не игра и во Европа, па така до крајот ќе има само натпревари во Премиер лигата. (ТУКА)
Флечер кој дојде како привремен тренер по заминувањето на Аморим не промени ништо, но според Невил не е проблем само тренерот.
„Ова е срам за клуб со таква големина. Испаѓањето од двата купа до овој момент од сезоната кажува се. Нема интензитет, нема гордост за дресот што се носи. Гледаш играчи и не чувствуваш страв, верба или идентитет на Јунајтед. Фудблерите изгледаат опуштено. И тоа не е само до играчите на теренот, целата клупска хиерархија мора да преземе одговорност, бидејќи вакви работи се дозволуваат и повторуваат со години. Манчестер Јунајтед во овој момент не изгледа како сериозен фудбалски клуб“, порача Неил.