„Ѓаволите“ сезонава ќе одиграат најмалку натпревари во последните 111 години
За прв пат од 1981/82, Јунајтед беше елиминиран во првото коло од двата домашни турнири - Лига купот и ФА купот.
Според „Би-Би-Си“, се поверојатно е дека Манчестер Јунајтед ќе организира турнеја во Саудиска Арабија во февруари или март, бидејќи тимот ќе биде слободен во викендите кога ќе се играат натпреварите од четвртото и петтото коло од ФА купот. Со тоа ќе се пополни бројот на одиграни дуели сезонава, а и ќе се надополнат финансиските загуби кои ќе ги предизвика неиграњетона други фронтови.
Јунајтед има една победа во последните седум натпревари, а му претстојат пресметки со Манчестер Сити и Арсенал. Доколку изгубат, „црвените ѓаволи“ би можеле да се најдат во втората половина од табелата до 1 февруари, кога ќе бидат домаќини на Фулам.