Нејмар веќе почна да се жали: Не сака да игра на вештачка трева

Браизлецот Нејмар кон крајот на јануари се врати во редовите на Сантос, клубот каде што ја започна кариерата и во четвртиот натпревар го постигна и својот прв гол по враќањето. Сепак, Нејмар не е задоволен од условите за игра во неговата татковина.

Имено, медиумите пренесуваат дека поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен започнала кампања против играњето на вештачки терени во Бразил.

„Ме загрижува насоката во која оди фудбалот во Бразил. Апсурдно е што мораме да разговараме за синтетичка трева на нашите терени. Објективно со оглед на големата и репрезентативноста на нашиот фудбал, тоа не би требало да биде опција. Едноставно, решение за лош терен е добар терен. Во најпознатите првенства во светот се слушаат фудбалери и се вложува во квалитетот на тревата на стадионите. Се нуди квалитет на оние кои играат и кои гледаат“, стои во пораката.

Истата порака покрај Нејмар ја споделија уште: Тијаго Силва, Мемфис Депај и Фелипе Кутињо.