Нејмар веќе не може да игра ниту во С. Арабија, Ал Хилал нема да го регистрира!

Тренерот на Ал Хилал, Жорге Жесус потврди дека Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од лигата во Саудиска Арабија затоа што веќе не е толку добар.

Нејмар во 2024 година постојано беше повреден, не одигра речиси ништо, а доби огромни пари на име на плата. Бразилецот ќе биде надвор од тимот до крајот на сезоната.

„Нејмар нема да биде регистриран, но може да игра во aзиската Лига на шампиони“, потврди Жорге Жесус.

„Тој е играч од светска класа. Но вистината е дека физички Нејмар веќе не може да игра на нивото кое го бараме“.

Во азиската Лига на шампиони нема ограничување на бројот на странци, па затоа во тоа натпреварување би можел да заигра, но тешко е да се поверува.