Нејмар објасни зошто плачеше по мечот со Костарика

Бразил едвај успеа да ја победи Костарика во второто коло на групната фаза на Светското првенство во Русија.

Костарика се бранеше цели 90 минути, но во судиското продолжение најпрво Филипе Кутињо ја затресе мрежата на Кејлор Навас, а потоа и Нејмар за конечни 2-0.

Нејмар по последниот судиски свиреж остана на теренот и плачеше, а Бразилецот одлучи преку социјалните мрежи да објасни зошто го направил тоа по крајот на дуелот.

„Не знаат сите низ што поминав за да дојдам тука. Плачев од среќа, поради сè што поминав, трудот и желбата за победа. Работите во мојот живот никогаш не беа лесни, зошто тоа би била така сега? Сонот и понатаму живее. Секоја чест на моите сонародници“, напиша Нејмар на својот Инстаграм профил.