НЕ Е ШЕГА: Скопје ќе биде домаќин на фудбалско СП на непризнаени држави!

Светско фудбалско првенство во фудбал за непризнаени држави ќе се игра на лето идната година во Скопје, откако македонската престолнина беше избрана за домаќин на КОНИФА Светското првенство.

КОНИФА (CONIFA) е акроним за Конфедерација на независните фудбалски асоцијации, во која се земји кои не се признаени како членки на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а турнирот ќе се игра од 30 мај до 7 јуни во земјава. Жрепката е закажана за 24 до 26 јануари 2020 година во Џерси.

„Скопје има прекрасни објекти, добро е позната макеоднската гостопримливост. Ако не сте знаеле ништо за Скопје, ќе има можност да дознаете на СП во Македонија. Очекуваме фантастичен турнир“, вели Џенс Џокел, претседателот на КОНИФА.

Станува збор за „контроверзно“ натпреварување во кое учество земаат региони кои не се признаени од Обединетите нации, ниту пак од ФИФА, па претставуваат региони на народи кои немаат држава или се спорни територии, од Квебек во Канада, преку Задкарпати во Украина или Северен Кипар и Крим. Тука се селекции како Абхазија, Јужна Осетија (две области од Грузија, потоа Донбас, Транстнистрија, Курдистан, Тибет, Занзибар, Западна Захара, селекцијата на Ромите... Последна членка се Хаваи, островите во Пацификот, што се дел од САД.

Најчесто станува збор за региони за кои имало војни, почитички судири, битка за превласт над териториите. Ваквиот Мундијал е четврти по ред, откако првиот се одигра во 2014 година. До крајот на годинава ќе биде познато кој сè ќе игра на СП во Скопје.