Најтрофејната светска нација Бразил испиша нов рекорд на Мундијалите (ФОТО)

Најтрофејната светска нација Бразил, петкратниот светски првак и еден од најголемите фаворити за „златниот трофеј“ во Катар постави нов рекорд на Мундијалите откако со две победи вчера го визираа осминафиналето како една од трите селекции досега покрај светскиот првак Франција и Португалија.

Бразилците, кои се рекордери по бројот на настапи на Мундијалите, бројот на дадени голови, бројот на освоени трофеи и победи, сега постави рекорд од 17 меча по ред на Мундијалите без пораз во групната фаза.

Бразил е единствената селекција која во изминативе две децении до Катар успеваше како светски првак да ја помине групата, на СП во 2006 година во Германија, зашто претходно Франција (првак 1998) испадна во група на СП 2022, Италија (првак 2006) испадна на СП 2010, Шпанија (првак 2010) испадна на СП 2014, а Германија (првак 2014) испадна на последниот Мундијал во Русија во 2018. Франција првпат после повеќе од деценија ја прекина таа црна традиција на светсклите шампиони.