Најнационалистичкиот клуб во Израел ќе го продаваат на Арапи!?

Израелски Беитар Ерусалим е најнационалистичкиот клуб во Израел, кој има најекстремно десничарски настроени навивачи и кој никогаш во својата историја нема ангажирано арапски фудбалер, ама многу близу е да биде продаден на – арапски инвеститори.

Откако Израел и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договори за нормализација на односите со две арапски земји на Блискиот Исток, а истото го стори Израел и со Бахреин, сега инвеститор од ОАЕ е на чекор да го преземе клубот, како пример и симбол на новите ветришта што дуваат во нормализацијата на односите на оваа земја со арапските соседи.

Од Беитар најавија дека во тек се преговори, но без конкретни детали, а медиумите најавуваат дека инвеститорот кој треба да влезе во клубот од Ерусалим, е Сулајман Ал Фахим, бизнисмен од ОАЕ кој се заминава со недвижности.

„Сопственикот на Беитар, Моше Хогег ќе замине во Абу Даби за финални преговори. Ова е шанса Беитар да стане доминантен клуб. Тоа ќе биде, настрана само фудбалскиот дел, симбол за новите ветришта на мирот кои ќе ја претставуваат нормализацијата на односите на Блискиот Исток“, објави израелскиот клуб.

Очигледно историјата во Израел ќе се менува, посебно во клубот кој важи за најнационалистички.