Најдобриот голгетер на Русија сака да се бори со УФЦ шампионот: Имам шанси да победам!

Рускиот фудбалер Артјем Џуба тврди дека би можел да излезе на крај во борба со УФЦ шампионот во лесна категорија Ислам Махачев.

Најдобриот стрелец во историјата на националниот тим на Русија смета дека има реални шанси го совлада борецот од Дагестан кој во моментов доминира во лесна категорија.

„Ако тој има 70 килограми, тогаш имам реални шанси. Со совите 100 килограми би бил подобар в борење, дури и во стоечка положба. Гои разбирам и правилата во ММА добро“, изјави Џуба.

Со своите 197 сантиметри рускиот фудбалер е 20 сантиметри повисок од Дагестанецот (178).

Сепак и покрај предноста во тежината тешко е да се поверува дека поранешниот фудбалер на Зенит и московскиот Спартак може да го нанесе само вториот пораз во кариерата на Махачев кој има скор 27-1.