
Адеми и Ристовски останаа без тренер: Динамо по само 100 дена го смени Канаваро!
Веста денеска доби и официјална потврда, откако клубот, за кој настапуваат нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски, реши да стави крај на соработката по серија незадоволителни резултати. Клучниот момент што ја одреди судбината на Канаваро беше убедливиот пораз од Истра (0-3) во Пула. Иако на крајот на минатата година дојде со цел да ги врати „модрите“ на победничките патеки во домашното првенство, очекувањата не беа исполнети.
Во своето кратко тренерско поглавје, Канаваро го предводеше тимот на десет натпревари во ХНЛ, при што оствари пет победи, два нерешени резултата и три порази.
ФОТО: EPA PHOTO