Хорор во НБА: Играч на Мемфис заби, па тресна на глава и заврши в болница (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис славеше на гостувањето кај Шарлот со 124-100, но конечниот резултат остана во сенка на тешкиот пад на Џејлен Велс.

При едно забивање, во него се удри противнички кошаркар и му предизвика тежок пад. Медицинскиот извештај вели дека Велс го повредил вратот и во почетокот се стравуваше дека дошло до скршеница на вратните коски. Од теренот беше изнесен во количка, а сцените беа толку страшни што сите во арената се фаќаа за глава и натпреварот беше во подолг прекин.

За среќа, како што тврдат американските медиуми, Велс е буден и ги движи екстремитетите, а поминал само со скршеница на зглобот на десната рака. Неколку часа подоцна, се јави со фотографија на социјалните мрежи.

Додека му се укажуваше помош, кошаркарите на Мемфис прегрнати, во круг, се молеа за здравјето на својот соиграч. Кеј Џеј Симпсон, кошаркарот кој го фаулираше Велс, доби неспортски прекршок од втор степен и беше автоматски исклучен.