
Шансите на Реал да стигне до полуфиналето се - 4%
Очекувано, до моментов, Реал има најмали изгледи да се најде меѓу четирите најдобри во елитното натпреварување. Мадридскиот тим синоќа доживеа дебакл од Арсенал во Лондон со 0-3 и сега шансите за место во полуфиналето му изнесуваат мизерни 4%. Се разбира дека тоа не мора ништо да значи бидејќи Реал и во минатото знаел да се извлече од тешки ситуации.
Арсенал не само што има 96% шанси за пласман во полуфиналето, туку во моментов е и најголем фаворит за титулата во Лигата на шампионите, со 28%.