
Газдата на Денвер го објасни отказот на Мелоун: Победите ги замаскираа проблемите
Тој откри дека сфатил дека тимот не оди во посакуваната насока и тоа била најголемата причина што се решил на ваков чуден потег.
„Ова не е одлука што беше лесна или донесена набрзина, како реакција на последните порази. Подолго време го набљудував тимот, постоеја некои трендови кои ме загрижуваа во различни временски периоди, но се појавуваше по некоја победа и тоа ги маскираше проблемите.
Бевме во победничка серија пред Ол стар викендот, но оттогаш мислам дека сме на 11/13, последните четири меча ги загубивме и одиме во насока за која сметам дека ќе не одведе до бра крај на сезоната. По разговорот со татко ми, заклучивме дека е потребна промена на крајот од сезоната, но моравме и да видиме што би била најдобра одлука во моментов за тимот да се крене и затоа решивме да го направиме ова“, рече Кренке помладиот.
Денвер ноќеска падна на шестата позиција на табелата во Западната конференција, но до крајот на основниот дел може да дојде дури до осмото место.