
Младинците на Пелистер му одржаа лекција на Кјелце во ЛШ
Македонскиот тим имаше предност од самиот почеток и водство од 8-3 по 10 минути, по што предноста продолжи да расте до +11 на полувремето (22-11).
Кјелце не успеа да одговори на стартот на второто полувреме, а грешките кај полската екипа ги искористи Пелистер и поведе со 25-12, по што се опушти во финишот и обезбеди висока победа (37-29). Најдобар стрелец во редовите на Пелистер беше Хаџиќ со 14 погодоци.
Пелистер во финалето од групата ќе се бори против победникот од мечот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.