
Арсенал донесе радост на Островот: Англија ќе има пет учесници во Лигата на шампионите
Триумфот на „топчиите“ им донесе доволно бодови на Англичаните за петти претставник во елитното натпреварување, па сега, освен нив и Ливерпул, шанси за пласман во него имаат сите од третопласираниот Нотингем Форест, до деветтиот Брајтон бидејќи разликата меѓу нив изнесува десет бода, на седум кола пред крајот на првенството. Теоретски, Англија може да стигне до седум учесници во Лигата на шампионите идната сезона, но за да се случи тоа, треба Астон Вила да ја освои титулата во оваа натпреварувачка кампања, а Манчестер Јунајтед или Тотнем да триумфираат во Лигата Европа.
Втората држава која би можела да има загарантирани пет екипи преку првенството е Италија, особено по синоќешниот триумф на Интер против Баерн.