
Оклахома им се одмазди на Лејкерс, Гилџес Александер броеше до 42 (ВИДЕО)
Одамна е познато дека овој тим ќе го освои првото место во Западната конференција, но го оневозможи противникот од Лос Анџелес да се бетонира на третата позиција во пресрет на последните три меча од основниот дел на сезоната. Пред своите навивачи, Оклахома славеше со 136-120, користејќи ги сите слабости во играта на првите две ѕвезди во екипата Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.
Првото полувреме беше исклучително ефикасно, заврши со предност на домашниот тим од 80-72, но одлуката падна во финалните 12 минути кои Оклахома ги доби со 39-22 и го сврте резултатот во своја корист.
Гилџес Александер беше прв играч на натпреварот, постигнувајќи 42 поена со што уште еднаш ја потврди своја кандидатура за МВП на сезоната. На спротивната страна, Леброн постигна 28, а Дончиќ 23 поени. Лејкерс се уште имаат една победа повеќе од Мемфис, Клиперс, Денвер и Голден Стејт.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Мемфис 100-124
Кливленд - Чикаго 135-113
Индијана - Вашингтон 104-98
Орландо - Атланта 119-112
Бруклин - Њу Орлеанс 119-114
Њујорк - Бостон 117-119
Милвоки - Минесота 110-103
Оклахома - ЛА Лејкерс 136-120
Феникс - Голден Стејт 95-133
ЛА Клиперс - Сан Антонио 122-117