На повидок нов шок на „Олд Трафорд“: Аморим не сака да го води Јунајтед?!

Ситуацијата во Манчестер јунајтед не се подобри ниту со доаѓањето на Рубен Аморим кој според последните информации од Островот и се кае што го напуштил Спортинг каде што му одеше одлично.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ со големи очекувања го пречекаа Португалецот, но со него на клупата Манчестер јунајтед има осум порази на последните 12 натпревари и се наоѓа на 15-татата позиција со само 12 повеќе од првиот тим во опасната зона.

Наводно, Аморим бил разочаран и од преодниот рок во кој очекувал поголема поддршка од раководството, а на крајот пристигна само левиот бек од Доргу од редовите на Лече.

Фудбалскиот аналитичар Ричард Кис во својата последна колумна опишувајќи ја ситуацијата на „Олд Трафорд“ вели дека Аморим не сака да биде повеќе на клупата.

„Манчестер јунајтед е светлосни години зад најсилните клубови во Англија. Навивачите веруваа дека Џим Ретклиф може да ги промени работите, но очигледно дека тој не знае што да направи следно освен да отпушти нови вредни работници. Исто така ниту тренерот што го избра повеќе не е сака да е во клубот“, пишува во колумната на Кис.