На „Бомбоњера“ сѐ се тресе, па дури и ВАР – буквално (ВИДЕО)

Култната „Бомбоњера“ во Буенос Аирес, домот на Бока Јуниорс секогаш е пеколен терен, а поради жешката атмосфера и неверојатното навивање на навивачите на овој гигант, секој меч делува како да има земјотрес, а не фудбалски меч.

На мечот на Бока во домашниот шампионат против Дифенса и Хустисиа, судијата во еден момент мораше да погледне спорен детал со ВАР. И дури и ВАР-от се тресеше од атмосферата на стадионот, па арбитарот мораше мониторот со раце да го држи за нормално да ја види ситуацијата.