Модриќ откри каква лудорија ќе направат „коцкестите“ ако станат светски прваци

Откако Хрватска напиша историја со пласманот во мундиалското финале на 21-то Светско првенство во Русија, капитенот на „коцкестите“ Лука Модриќ објави дека тој и соиграчите подготвуваат една лудорија, ако в недела во Москва ја освојат светската титула.

Хрватска ќе игра против Франција од 17 часот, како реприза на епското полуфинале од пред две децении на СП 1998, кога „триколорите“ со прсврт и два гола на Лилан Турам, негови единствени во репрезентативната кариера успеаа да победат и да обезбедат финале, а на крај и да ја освојат светската круна.

„Ќе ги офарбаме главите. Јас и целиот тим. Многу сме среќни, цела Хрватска е на нозе. Сите луѓе заслужуваат ваква радост“, откри Модриќ.