Модриќ бил на проба во Франција: Дојде како момче, но набрзо го испратија дома!

Најдобриот сенегалски фудбалер Ел Хаџи-Диуф во изјава за француски „РМС Спорт“ го коментираше доделувањето на „Златната топка“, која ја освои Лука Модриќ.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул го пофали Модриќ, но откри и детал, кој малкумина го знаеле.

„Модриќ дојде млад во Марсеј на проба, но тие за кратко го испратија дома. Неверојатно“, кажа Хаџи-Диуф.

Сенегалецот, исто така, кажа дека Модриќ ја заслужил престижната награда, која ја доделува „Франс Фудбал“.