
Милан претстави ново засилување, а пари од трансферот ќе добие и Јувентус
Миланскиот клуб не ги потврди финансиските детали, а италијанските медиуми објавија дека 23-годишниот белгиски одбранбен фудбалер направил трансфер вреден 20 милиони евра.
Џенова ќе добие 18 милиони евра веднаш и уште два преку бонуси.
Пари од трансферот ќе добие и неговиот поранешен клуб, Јувентус кој има право на сума од 20 до 25% од вредноста на комплетниот договор.
Во Милан Де Винтер ќе заработува 1.8 милиони евра по сезона и ќе го носи дресот со број пет.