
Атанасов со мангупски гол од мртов агол дебитираше за АЕЛ Лариса (ВИДЕО)
Тој ги преседе на клупата првите два контролни натпревари на својот нов тим, но на третиот доби шанса од почетокот и истата ја искористи. Атанасов реализира на мангупски начин од мртов агол по изведениот корнер, користејќи ја збунетоста во противничката одбрана.
*голот е на истекот од петтата минута од видеото
Македонецот кон крајот на минатиот месец потпиша за грчкиот тим, по сезона мината во полска Краковија.