
Град Загреб бара јунак кој ќе го срамни со земја легендарниот „Максимир“!
Рушењето ќе започне по завршувањето на реконструкцијата и проширувањето на стадионот во улицата „Крањчевиќева“ на кој сега игра Локомотива, што се очекува во 2026 година. Понудувачите мора да изработат детален план за отстранување на објект со површина од околу 50.000 квадратни метри, со утврдување на методата на рушење, имајќи ја предвид комплексноста на конструкцијата и специфичностите на локацијата. Проектот мора да вклучи план за исклучување од енергетската инфраструктура и мерки за управување со отпадот, со нагласок на рециклирање и повторна употреба на материјалите.
Рушењето на „Максимир“ е прва фаза од планот за изградба на нов стадион со капацитет од 35.000 места, кој ќе ги исполнува стандардите на УЕФА и ФИФА. Вредноста на инвестицијата е проценета на 175 милиони евра. Новиот стадион се очекува да биде завршен до 2029 година. Додека трае изградбата, натпреварите на Динамо и хрватската репрезентација ќе се играат на модернизираниот стадион во „Крањчевиќева“, кој ќе биде од највисоката категорија на УЕФА.
ФОТО: GNK DINAMO