
Енрике: Донарума не е мој тип на голман, затоа го избркав од ПСЖ!
Оваа одлука била донесена од тренерот Луис Енрике, кој нагласи дека тој не бил негов тип на чувар на мрежата.
„Јас сум единствениот што стои зад оваа одлука и целосно ја преземам одговорноста. Џиџи е врвен голман и уверен сум дека брзо ќе најде нова средина“, порача стратегот на ПСЖ.
Донарума, кој во минатата сезона имаше клучна улога во освојувањето на Лигата на шампионите, на социјалните мрежи потврди дека заминува од францускиот шампион. Тој додаде дека би сакал да продолжи да настапува за клубот, но не добил можност за нов договор под условите што ги очекувал.
ФОТО: EPA PHOTO