Меси со три збора се прости од Пеле, Роналдо објави емотивен пост (ФОТО)

Лео Меси со кратка порака се прости од Пеле, Кристијано Роналдо пак со емотивен пост испрати сочувство и му кажа збогум на „Кралот“.

Фудбалскиот свет се простува со Пеле, еден куп пораки се објавуваат на социјалните мрежи по смртта на бразилската легенда.
 
Лео Меси го стори тоа со кратка порака која гласеше: „Почивај во мир Пеле“.
 
Кристијано Роналдо пак имаше емотивен пост, Португалецот испрати сочувство до семејството и цел Бразил.
 
„Длабоко сочувство до цел Бразил, особено до семејството на Едсон Арантес до Насименто. Искрено „збогум“ до вечниот Крал Пеле, кое никогаш нема да биде доволно за да се изрази болката која целиот фудбал во моментов ја чувствува. Инспирација на многу милиони, референца во минатото, сегашноста и иднината. Никогаш нема да биде заборавен, неговата меморија ќе живее вечно во срцето на секој фудбалски фан. Почивај во мир Кралу Пеле“ - гласеше постот на Португалецот.
 
Килијан Мбапе пак напиша: „Кралот на фудбалот не напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено. Почивај во мир Кралу“.