Меси распука по судиите: Имаа неколку ср**е одлуки!

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси не можеше да се помири со фактот што неговата репрезентација доживеа елиминација од Бразил во полуфиналето на Копа Америка. 

„Гаучосите“ играа одличен натпревар иако загубија со 2-0. Имаа дури две стативи и имаа десет шутеви повеќе од противникот. Сепак, топката не сакаше да влезе во мрежата на Алисон, а Меси дел од вината за поразот ја посочи кон судиите.

Тој беше ептен лут што Аргентина не доби пенал при резултат 1-0, а судијата Роди Замбрано не сакаше ниту да се консултира со ВАР-технологијата.

„Тие не беа подобри од нас. Првиот гол го постигнаа многу рано, а вториот дојде откако нас не ни досудија пенал“, рече Меси пред новинарите. „Судиите донесоа неколку ср**е одлуки, но не ни се консултираа со ВАР, тоа е неверојатно. Тоа се случуваше во текот на целиот натпревар. Секој мал контакт го судеа во корист на Бразил и токму такво ср**е не деконцентрираше од натпреварот. Нема изговори, но мораме да направиме анализа на поразот, да го разледаме натпреварот и се надеваме дека КОНМЕБОЛ ќе преземе нешто околу тоа. Мислам дека одигравме одличен натпревар и тие не беа супериорни“, заврши капитенот на „гаучосите“.