Мата како во најдобрите денови, сега изведе мајсторија од слбооден удар (ВИДЕО)

Шпанскиот ветеран Хуан Мата продолжува да постигнува голови и на 37 години во дресот на Мелбурн Виктори од Австралија.

Неговиот тим утрово ремизираше против Сиднеј на гости одигрувајќи 2-2, а Мата беше стрелец на првиот гол за својот тим.

Неодамна шпанскиоит ветеран погоди од речиси половина терен, додека сега беше прецизен на мајсторски начин од слободен удар. Мата голот го постигна во првото полувреме за водство од 1-0.

За него ова беше веќе четврти гол во првенството, но запиша и десет асистенции.