Алкалоид го наполни голот на Радовиш, финале во групата и за Пелистер 2
Избраниците на Кире Лазаров немаа проблеми и лесно ја оправдаа големата улога на фаворит против Радовиш кого го совладаа со 20 голови разлика (41-21). Дебаклот на Радовиш беше најавен уште во првите 30 минути во кое постигнаа само девет гола, а примија 22. Стојковиќ кај Алкалоид беше најефикасен со осум гола.
Противник на тимот од Автокоманда во финалето за место на завршниот турнир ќе биде подобриот од средбата помеѓу Пролет и Македонија Ѓорче.
Пелистер 2 во многу понеизвесен дуел беше подобар од Мулти Есенс со 28-23. Вториот тим на битолскиот состав во финалето ќе оди на победникот од пресметката помеѓу Бутел и Вардар.