Луди бројки: Меси одбил понуда вредна 1,4 милијарди евра!

Минатото лето Лионел Меси повторно беше во центарот на вниманието откако стана јасно дека ќе го напушти ПСЖ.

Многу се пишуваше каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата. Се шпекулираше дека има опција да се врати во Барселона, а во игра беше и саудискиот Ал Хилал.

Сега, првиот човек на овој клуб, Анмар Ал Хаили објави дека на Меси му понудиле договор вреден 1,4 милијарди евра, но Меси понудата ја одбил без размислување.

„Отворивме преговори со Меси кога беше на истекот на договорот со ПСЖ. Му доставивме официјална понуда која изнесуваше 1.4 милијарди евра, но ја одби веднаш без да трепне. Ни објасни дека сака со семејството да се пресели во САД, а нас ни беше чудно некој да одбие толку пари. Сепак, секако дека ја почитувавме неговата одлуката бидејќи семејството е поважно од парите“, изјави Ал Хаили.

Набрзо по тој разговор Меси потпиша за Интер Мајами каде што настапува оваа сезона, а неодамна најави и дека тоа ќе биде неговиот последен клуб во кариерата.