Лорис ќе голтнеше инсект, за светската јавност тоа е знак за – светска титула (ФОТО+ВИДЕО)

Францускиот голман Уго Лорис имаше една бравурозна интервенција, само три минути откако Рафаел Варан ја совлада уругвајската одбрана, па не дозволи со спектакуларна парада да се вратат во мечот јужноамериканците и практично во клучен момент гу урна нивните соништа, затоа што 15 минути во вториот дел згреши Муслера и меот практично беше решен.

Но, Лорис освен што ќе остане запаметен по фантастичната реакција како Супермен за да спаси чист гол по ударот на Диего Годин, францускиот голман имаше и еден проблем. Инсект му влезе во уста, по што овој за малку ќе го голтнеше. Лорис го плукна, но за јавноста ова е знак дека Франција ќе ја освои светската титула.

Причина?

Пред две години на Евро 2016 во Франција, на лицето на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо исто така застанал еден инсект. И, Португалија потоа успеа изненадувачки да ги победи Французите, кои беа домаќини на ЕП по продолженијата и да се радуваат на европската круна.