Липи е печен за пензија: Вторпат годинава поднесе оставка во Кина!

Италијанската тренерска легенда Марчело Липи, човекот кој ја донесе последната светска круна на Апенините од СП во 2006 година во Германија се поблиску е до пензија, откако вторпат сезонава поднесе оставка на селекторското место во Кина.

Липи поднесе оставка откако најмногубројната земја загуби од Сирија со 1-2 во мундијалските квалификации за СП 2022 во Катар, пораз кој може скапо да ги чини Кинезите, кои се на раб на испаѓање во овие прелиминарни борби во квалификациите.

„Мојата плата е многу висока и затоа јас се чувствувам одговорен за овој пораз“, рекол Липи.

Тој во јануари се повлече после елиминацијата од Азискиот куп, но се врати во март повторно на кормилото.