Лапорта: Односот со Меси е нарушен, Кројф е Бог на Барселона!

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта имаше интересно излагање во емисијата „3Cat“, посебно внимание привлече неговата изјава за Лионел Меси.

Меси обележа една ера во Барселона и според многумина е најголемиот фудбалер кој го носел дресот на каталонскиот гигант, но не и за Лапорта.

„Јохан Кројф е Бог на Барселона. Со Меси имавме многу добар однос, но кога не му го продолживме тој се наруши. Сега до некаде е подобро, се надеваме дека во иднина ќе можеме да му организираме некој проштален натпревар, каков што заслужува“, изјави Лапорта.

Ќе потсетиме, Меси ја напушти Барселона кога клубот беше во криза и не најде начин да му ја продолжи соработката, тогаш Аргентинецот се пресели во ПСЖ, а денес го носи дресот на Интер Мајами.