Крос брутално до саудијците: Ако останете без Роналдо - никој нема да ве гледа!
Според Крос, Роналдо имал клучно значење во целиот проект и смета дека вниманието кое го имаат најмногу е поради него.
„Саудиската лига е чуден феномен. Никој немаше слушнато за неа пред да пристигне Кристијано Роналдо, а сега покажуваат непочитување кон човекот кој ги стави на светската фудбалска мапа“, изјави Крос.
Поранешниот германски репрезентативец е убеден дека минимизирањето на придонесот на Роналдо е целосно бесмислено, па е убеден дека тие повеќе ќе загубат ако дојде до разделба.
„Ви велам, ако Кристијано утре си замине, оваа лига ќе ја изгуби целата своја привлечност. Повеќе никој нема да ја гледа“, порача Крос.
Ќе потсетиме, конфликтот помеѓу Роналдо и инвестициониот фонд во Саудиска Арабија кој е сопственик на најголемите клубови во држава започна поради незадоволството на Португалецот од начинот на кој се води неговиот клуб.
Фото: EPA