
„Кралевите“ имаа драматично патување кон Њујорк пред пресметката со ПСЖ!
Подготовките за дуелот не минаа без проблеми, особено за шпанскиот тим. „Кралевите“ имаа бурно патување до Њујорк — нивниот лет од Мајами беше одложен поради невреме, а поради дополнителен метеж во воздушниот сообраќај, авионот слета дури по еден час летање над Вирџинија. Наместо на планираната дестинација, тимот се приземји во Њуарк. Поради овие компликации, беше откажана и најавената прес-конференција на тренерот Чаби Алонсо.
Францускиот тим, за разлика од Реал, пристигна навреме и веќе одработи тренинг на терените на Универзитетот „Ратгерс“. Двете екипи ќе бидат ослабени од отсуства. Парижани нема да сметаат на суспендираните Пачо и Лукас Ернандес, кои добија директни црвени картони во самиот финиш од четвртфиналето против Баерн. Од редовите на Реал, пак, стоперот Дин Хујсен ќе го прескокне мечот поради исклучување во дуелот со Борусија Дортмунд. Тој ќе може да се врати на терен доколку шпанскиот тим обезбеди пласман во финалето.
Добра вест за обата клуба е враќањето на своите клучни напаѓачи — Килијан Мбапе и Осман Дембеле за ПСЖ, кои не настапија во групната фаза поради повреди. Двајцата се вратија со голови во четвртфиналните дуели, но не е јасно дали ќе стартуваат.
ФОТО: X / Real Madrid