Бивш португалски шампион исфрлен во петта лига поради финансиски проблеми

Еден од најпознатите тимови во Португалија, Боависта беше исфрлен во петтата лига поради финансиски проблеми со кои се соочи во изминатиот период.

Боависта во претходната сезона испадна од елитата, меѓутоа не успеа да добие лиценца за натпреварување поради финансиски проблеми и поради тоа Комисијата за лиценцирање соопшти дека тимот се сели во уште понизок ранг.

Откако не ги исполни условите, Боависта беше принудена да стане член на едно од регионалните првенства во Португалија, односно во петта лига.

Клубот од Порто е создаден во 1903 година, а ја освои шампионската титула во Португалија во 2000/01.

Фото: Facebook/Boavista Futebol Clube