Консеисао: Горд сум на ваквата можност, ќе се докажам со резултати

Tимот на Милан се одлучи за смена на тренерската клупа и по ремито со Рома го отпушти Пауло Фонсека за на негово место да го доведе Серџо Консеисао.

Португалскиот стратег беше слободен откако замина од Порто, а неполни 24 часа по потврдата за неговото преземање на „росонерите“ тој го водеше и првиот тренинг во Милан.

„Навистина сум горд што добив ваква можност, емоциите се измешани. Мора напорно да работиме и да почнеме да обедуваме. Претставуваме еден голем клуб на светско ниво и мора да сме во линија со тоа“, изјави Консеисао.

Милан в петок го очекува натпревар против Јувенутс во италијанскиот Суперкуп.

„Време немаме многу и тоа што ни е на располагање мораме да го искористиме ефикасно. Само со заедничка работа можеме да создадеме силен тим, ако имаме добар менталитет и добра организација можеме до успех. Немам што да им порачам на навивачите, мора да се докажам со факти и резултати“, изјави Консеисао.