Агентот на Олмо: Стресна е ситуацијата за Дани, но негова желба е да остане во Барса!
Барселона бара решение како да го регистрира Дани Олмо и се верува дека наскоро ќе успее во тоа. Но, во моментов ситуацијата на Дани Олмо е неизвесна.
Тој е слободен играч и може да преговара со други клубови, но желбата на Олмо е да остане во Барселона и чека развршница.
„Како е чувствува Дани? Ситуацијата е стресна за него како што би била и за секој друг фудбалер. Но, тој е голем фудбалер и голема личност, се обидува да биде смирен“, вели агентот на Олмо, Енди Бара.
„Се разбира, Дани е победник и сака да ги игра натпреварите, не да ги гледа“.
„Можам да потврдам дека неговата позиција не е променета. Не преговараме со ниту еден друг клуб“.
„Дани е фудбалер на Барса и сака да биде фудбалер на Барса, тој направи голем напор во животот за да биде во Барселона. Тоа беше негова желба долго време“.
„Други клубови? Барселона е прва и последна опција. Дани, неговиот татко, семејството, јас... ние не размислуваме на други опции“.