Ќерката на Родман постигна прекрасен гол за САД (ВИДЕО)

Фудбалерките на САД триумфираа со 3-0 против Замбија на почетокот на Олимписките игри во Париз, а прекрасен гол постигна ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман.

Тринити доби одлична топка од Линдзи Хоран, по што ги измами фудбалерките кои беа покрај неа, а потоа ја затресе противничката мрежа.