Кипарското првенство во прекин: Автомобил на судија разнесен со бомба! (ФОТО)

Фудбалската федерација на Кипар одлучи да го прекине првенството по одлуката на судиите да се откажат од делењето на правдата поради бомбашки напад врз еден од неговите колеги.

Непознато лице поставило бомба под автомобилот на 33-годишниот судија Андреас Константину, а инцидентот се случил денес во раните утрински часови.

Експлозијата предизвикала голема материјална штета, но за среќа нема ниту едно повредено лице.

Автомобилот бил паркиран пред станот во кој живее овој судија и во последно време е честа тема на Кипар. Тој беше обвинет од страна на челниците на АЕЛ Лимасол за лошо судење, а во центарот на вниманието беше мечот од Купот, за кој се сомневаше дека судијата се обложил. Инаку, за овој клуб настапуваат македонските фудбалери Кире Маркоски и Давор Здравковски. 

Федерацијата донесе одлука да го прекине првенството и не е познато кога истото ќе продолжи.