Кавани утре ќе потпише со култниот Бока јуниорс

Уругвајската ѕвезда Единсон Кавани од утре ќе стане нов член на култниот аргентински великан Бока јуниорс, најави уругвајскиот новинар Џонатан Пинаско.

Кавани после 15 години ќе се врати во Јужна Америка, откако во 2007 година од Данубио се пресели во Палермо, па преку Наполи, стигна до ПСЖ и лани беше дел од Манчестер јунајтед. Иако се најавуваше останување во Европа, враќање пред сѐ во Серија А, Кавани на 35 години се реши да се врати во Јужна Америка, како што тоа го стори долгогодишниот негов соиграч Луис Суарез, кој потпиша за матичниот Национал во Уругвај.

Во кариерата даде преку 400 гола, а сѐ уште е најдобриот голгетер во историјата на Пари Сен Жермен со 200 погодоци, но наскоро Килијан Мбапе ќе го престигне.