
Карагер: Конте сака да добие отказ!
Антонио Конте сигурно ќе си замине од Тотнем, прашање е само дали тоа ќе се случи по крајот на сезоната или ќе добие отказ претходно.
Синоќа откако Конте удри по своите фудбалери и Тотнем нарекувајќи го клуб кој не е навикнат да атакува на високи цели. Се јавија критичарите. Еден од нив беше и Карагер кој смета дека Италијанецот сака што е можно побрзо да добие отказ.
„Конте сака да добие отказ за време на паузата за репрезентации. Спарс треба веднаш да го ослободат од неговата мизерија“, смета Карагер.