Јувентус отворил преговори со фудбалер на Манчестер сити

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ пишува дека Јувентус започнал преговори со португалскиот фудбалер од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, со цел да го доведе во своите редови на крајот од сезоната.

Договорот на Силва со „граѓаните“ истекува на крајот од сезоната, што претставува идеална можност за „старата дама“ да реагира и да го ангажира без плаќање отштета.

Според „Ла Стампа“, Португалецот веќе одбил продолжување на соработката со Манчестер сити, па неговото заминување од клубот е практично извесно.

Јувентус и понатаму е во потрага по централен фудбалер за врска за време на јануарскиот преоден рок, а на радарот на италијанскиот гигант се наоѓа и Гвидо Родригез од Вест хем.

Сепак, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, не сака да брза со одлуките, туку ќе си даде време внимателно да ги разгледа сите достапни опции.

Фото: EPA