Јамал во новата сезона ќе има и нов број на дресот

Изминатата сезона во Барселона, Ламин Јамал настапуваше со дресот број 27 на својот грб, а во новата сезона ќе има нова бројка на грбот.

Преку официјално видео, Барселона денеска потврди дека Јамал ќе го носи бројот 19. Овој број Јамал го носеше на Европското првенство и му донесе многу среќа, играше одлично, а Шпанија го освои Европското првенство.

Претходно во медиумите се пишуваше дека клубот на Јамал му ја понудил „десетката“, но младиот фудбалер го одбил бројот кој со себе носи голема тежина поради Лионел Меси да не си создава дополнителен притисок.

„Десетката“ ќе стане во сопственост на Ансу Фати, секако ако биде дел од Барселона наредната сезона бидејќи тоа се уште не е потврдено.