Израелски министер знае зошто Аргентина не победи, а Меси промаши пенал!?

Потажен фудбалер денеска нема од Лионел Меси, освојувачот на пет „златни топки“, кој промаши пенал, па Аргентина не победи против дебитантот на Мундијалите, Исланд (1-1), во првиот меч од групата Д на СП во Русија.

И додека сите анализираат зошто Аргентина не победи, дали Хорхе Сампаоли ја промаши тактиката, дали Исланѓаните заслужија со борбеноста, храброста и цвстината да се радуваат на својот прв мундијалски бод, еден министер од израелската влада знае зошто Аргентина не победила.

Причина била – откажаната контролка со Израел.

Мечот на Аргентинците пред СП со Израел требаше да се игра во Ерусалим, но поради сериозните закани по живот на аргентинските фудбалери, федерацијата ја откажа таа контролка. Израелците дури протестираа во ФИФА, бараа да се суспендираат „гаучосите“... И сега, Авигдор Либерман, министерот за одбрана на Израел смета дека тојму откажаниот пријателски меч во Ерусалим била причина што Аргентина не победила.

„Видовме на мечот со Исланд, колку на Меси и на Аргентина им требаше тој меч со Израел“, вели Либерман.